Хуавеи почна да пушта фактури за користење на нивни патенти

Американскиот оператор Веризон користи над 230 патенти од Хуавеи за што кинеската компанија побара да и бидат платени над 1 милијарда долари за тоа што до сега ги користела.

Наводно барањето на Хуавеи е уште пред да ги спопаднат сите блокади и забрани од страна на Белата куќа. Минатата недела претставници на двете компании имаат средба во Њујорк конкретно на темава и да утврдат дали Веризон користи опрема од други компании која ги прекршува патентите на Хуавеи.

Патентите се движат од опрема која е клучна за мрежната инфраструктура на компанијата до ИОТ технологии (Internet of things). За Веризон е карактеристично и што е еден од најголемите американски конкуренти на Хуавеи во трката за глобален 5Г лидер.

Од Веризон не коментираат ништо подетално, освен дека „овие проблеми се многу поголеми од Веризон. Имајќи го поширокиот геополитички контекст, секое прашање во врска со Хуавеи има импликации за целата индустрија и би можело да доведе до национални и меѓународни проблеми.“

Се уште не е познато како стојат работите меѓу Хуавеи и останатите големи мобилни оператори во САД, како Т-Мобиле, Спринт и АТ&Т.

Инаку судирот со Хуавеи покажа дека САД се подготвени да ги искористат патентите што ги поседуваат за некои од технологиите што ги сметавме за општо сечии за одбрана на своите интереси и терање свои правдини. Па со тоа што се најде на црната листа Хуавеи во своите уреди на пример не смее да користи ви-фи или СД картички.

17 јуни 2019 - 16:39