Епл му ќари 120 милиони долари на Самсунг за патенти

Борбата беше околу „slide to unlock“ опцијата на Ајфон за отклучување на смартфонот со движење од лево кон десно на екранот, и се водеше повеќе од 5 години.

Случајот заврши откако американскиот Врховен суд одлучи дека нема да дозволи жалба околу судска одлука од 2014 која вели дека  Самсунг го прекршил патентот на Епл. Во 2014 беше донесена пресуда во корист на Епл, две години подоцна таа беше поништена, а потоа на следната инстанца за помалку од една година беше повторно воведена. Последната шанса на Самсунг беше Врховниот суд.

Случајот се однесува на два патенти, од кои најголемиот дел од оштетата оди за опцијата за отклучување на смартфонот со лизгање по екранот од лево кон десно. Вториот патент е опцијата на Ајфон да ги претвора телефонските броеви од текстови и пораки во линк кој може веднаш да се притисне за повикување на бројот.

Двете компании имаат уште една далеку поголема тужба за решавање во која судот првично одлучи дека Епл треба да добие 1 милијарда долари отштета од Самсунг, за подоцна сумата да биде намалена на 400 милиони долари. Рочиштето за овој случај е закажано во мај, кога ќе се решава како треба да бидат пресметани штетите.

На страна адвокатите, двете компании се растураат од терање заеднички бизниси.

13 ноември 2017 - 11:11