Додека тие се чудиш како ТикТок успеа да се прослави

Пред повеќе од една година кинеската апликација Музика.ли беше повторно лансирана под новото име - ТикТок. Од тогаш новата апликација стана сериозна закана за американските социјални мрежи, во добар дел и затоа што само во САД троши по 3 милиони долари на маркетинг на ден.

Минатата година апликацијата има дадено 1 милијарда долари за маркетинг само во САД, сума која со сегашното темпо се очекува дека ќе ја надмине до крајот на годинава.

Паралелно со подемот на ТикТок почнуваат да крчкаат и стравовите на Американците, па апликацијата и компанијата што стои зад нејзе, Бајтденс, се повеќе се под лупа. Додека Бајтденс агресивно почнува да ангажира американски директори, информациите кои во САД се шират за ТикТок е дека тој е претворен во алатка за ширење на кинеска државна пропаганда. Според оваа верзија главна тема на дејствување се мемиња против демонстрациите во Хонгконг, и против Ујгурите.

Од друга страна откако изби недоразбирање меѓу компанијата и кинеските власти, Бајтденс вети дека ќе ангажира 10.000 цензори кои треба да идентификуваат и блокираат анти-владини содржини.

Вон високата политика, ТикТок на терен има сериозни проблеми кои до сега беа погубни за неколку слични социјални мрежи (пример Вајн), односно не му оди најдобро во задржување на корисниците. Како што објаснува Кејси Њутон во Верџ во текст со наслов „Како ТикТок би можел да пропадне“: „Премногу луѓе го пробуваат ТикТок, го користат неколку пати, и никогаш не се враќаат.“

8 август 2019 - 15:06