Амазон засекогаш ги чува снимките на разговори од Алекса

Американски сентарот праша како компанијата се однесува со снимките од разговори кои ги снима нивниот паметен дигитален асистент Алекса. Доби очекуван корпоративен одговор: се бришат, освен кога не се бришат, за ваше добро.

Бил Бур не е единствениот кој е здраворазумски претпазлив кон сè попаметните гаџети кои нè опкружуваат, во смисла на зачувување на нашата приватност. После текстот на ЦНЕТ дека Амазон чува транскрипти и интеракции преку Алекса, сенаторот Крис Кунс реши да им пише писмо во кое им бара да објаснат како компанијата ракува со тие податоци.

Од одговорот произлегува дека Амазон неограничено чува транскрипти и звучни записи од својот дигитален асистент, дури и кога корисниците рачно ќе ги избришат. Ако корисниците решат да се ослободат од аудио снимките, записи од некои разговори сепак се чуваат. Од Амазон велат, единствено заради подобрување на корисничкото искуство и подобрување на Алекса со машинско учење.

Нивниот потпретседател задолжен за јавна политика, Брајан Хусман, во својот одговор вели дека „се вложуваат напори да се обезбеди овие податоци да не останат на некој дигитален складиштен простор на Амазон“, но писмото обелоденува дека некои конверзации со Алекса не се бришат дури и кога корисникот ќе ги избрише аудио записите.

Одговорот на Амазон ја остава отворена можноста транскрипти и други гласовни комуникации со Алекса да останат на серверите на Амазон. Уште полошо, до која мерка овие податоци се споделуваат со трети страни и како тие страни ги користат и ги контролираат нив, останува многу нејасно“, пиша сенаторот во неговата реакција на одговорот.

5 јули 2019 - 15:20