Зошто Олимпијадата беше огромна грешка за Пекинг

Во 2008-ма Кина ја направи најбогатата Олимпијада во историјата, по цена од 42 милијарди долари. 5 години подоцна има луѓе што уште се пишман околу целата работа.

Професорот по социологија, Сун Липинг, од Цингхуа Универзитетот, тврди дека игрите имале негативен ефект на политичкиот живот во земјата.

Според него, Олимпијадата резултирала со префрлување на кинеската политика од прогрес и промени во "контрола и зачувување на стабилноста."

"Долго време сметав дека влијанието на Олимпијадата во Пекинг врз Кина беше многу длабоко, далеку повеќе отколку само долари и центи. Крајно претпазливиот однос (на раководството) пред така голем настан коренито влијаеше на историската патека на Кина, дури и по неговото завршување. Олимпијадата го обележи почетокот на издигањето на режимот на презервација на стабилноста во Кина. Гледајќи наназад, можеби Олимпијадата е нешто што го направивме, а не требаше.

Во 21-от век, двете најочигледни карактеристики на Кина беа инфлацијата на моќта и падот на моќта, и начинот на кој овие два беа преплетени меѓу себе. Процесот на засилување на капацитетот на владата за изнаоѓање ресурси, кој веќе претходно беше почнат, концентрираше се повеќе и повеќе пари во рацете на владата. И тој што имаше богатство беше најгласен.

Во меѓувреме, со успехот на Олимпијадата, психологијата на претпазливост (која се појави во годините пред Игрите) се претвори во фантазија за национален систем кој ги концентрира своите сили за да создава големи работи. Како што големите пари почнаа да значат и поголемо влијание, почна да преовладува чувство на каприциозност, а националниот систем почна да создава и да поддржува своеволно и каприциозно користење на моќта."

Критиката на Сан има далеку посериозно влијание ако се знае дека таа се однесува за промените направени за време на владеењето на претходниот претседател Ху Џинтао, како и тоа дека тој е еден од менторите на докторатот на новиот кинески претседател Кси Џинпинг.

28 март 2013 - 12:43