Жртвите на Епстин најверојатно нема да видат ни пара отштета од педофилот милионер

Човекот се самоуби на 10 август и со тоа ги лиши од каква било судска правда сите него жртви. Два дена пред самоубиството тој составува нов тестамент со кој истите овие жртви ги лишува и од каква било отштета во иднина.

Во тестаментот Епстин става 578 милиони долари од својот имот во труст, потег со кој нивната распределба се заштитува од јавноста и не се знае каде би можеле да завршат.

Имотот што го покрива тестаментот на Епстин е горе-долу истиот како имотот што тој го прикажа во обид да биде пуштен со кауција.

Во пресметката не влегува уметничката колекција на педофилот, која допрва треба да биде проценета. Последна надеж која им останува на неговите жртви да земат некоја отштета е дека тој не стигнал на време да го стави целиот свој имот, пример како уметничките слики, во трустот, со што тој е достапен за подмирување долгови.

Една од сведоците на потпишувањето на новиот тестамент е њујоршката адвокатка Мариел Колон Миро, која претходно му беше адвокат на Јоакин Гузман - Ел Чапо. За сега, а тоа може и трајно да остане така, не е познато кои луѓе се наведени како наследници на имотот на Епстин.

20 август 2019 - 15:36