Животот е краток ама пензијата долга

Благословот " Да е живо и здраво и 100 години да живее" ќе му се оствари на секое трето бебе кое годинава ќе се роди во Велика Британија. А бидејќи долг живот всушност значи долга старост, пензиските фондови ги фаќа блага паника.

Една третина од новореденчињата ќе бидат живи и во 2112-та година а повеќето од нив ќе бидат жени, предвидува британската демографска агенција.

Бројот на луѓе со по еден век зад себе драматично расте. Во 1961-ва ги имало околу 600, пред две години нивниот број изнесувал околу 12.000 а во 2050-та година ќе ги има речиси половина милион.

Ова е голем предизвик за пензиските фондови и воопшто за прашањето колку човек треба да заштеди за да не го мине последните години и децении од својот живот во сиромаштија.

Пред извесно време старосната граница за пензионирање беше подигната на 67 години и за мажи и за жени но познавачите велат дека овој потег нема да биде доволен, бидејќи фондовите треба да алиментираат сè поголем период од пензионерските животи.

Извештај од мината година покажа дека половина Британци заминуваат во пензија со недоволно заштеди а уплатите во фондовите се на најниско ниво од 195-та година.

28 март 2012 - 09:31