Жан Клод Јункер е сè заради што се случи Брегзит

Сакате да разберете зошто Британија гласаше да ја напушти  ЕУ?  За тоа постои објаснување од три збора: Жан. Клод.  Јункер.

Само сетете се на сите оние прилики во кои Јункер бил надвор од контрола на јавни настани. Јутјуб е полн со сцени кога очигледно пијаниот еврократ се тетерави, ги шамара државните лидери, глупаво се кези кон камерите или бушави женски коси. Официјалното објаснување е дека Јункер страда од спондилоза, ама видете ги и сами снимките па проценете дали е само тоа.

Или сетете се на неговата хронична грубост кон Тереза Меј, од тоа што протекоа од нивните муабети од приватна вечера на Даунинг стрит па до начинот на кој реагира на секој нејзин предлог.

„Дури и да е безопасна будала, тоа не би било битно“, пишува британски „Телеграф“.

 

11 февруари 2019 - 20:04