Веган, некст левел

Самонаметнатата гастрономска мизерија една веганка решава да ја рашири и на својот комшилук, барајќи од нив под итно да престанат со правење скара во двор.

Жената е од Перт, а целиот случај со скарата на комшиите го тера до Врховниот суд на земјата. Нејзиното барање е комшиите да престанат:

- да прават скара (во својот двор)

- да пушат цигари (во својот двор)

- децата да викаат (во својот двор)

По зборовите на жената, Сила Карден, од сето ова таа постојано е вознемирена и не може да спие. Нејзиниот став е:

„Сето ова е намерно, тоа и го кажав на суд, сè е намерно.“

Врховниот суд на Западна Австралија ja отфрли тужбата на жената по основа дека е неразумна и дека нема доволно докази.

Карден освен спорот со директните соседи, во тужбата бара од целото соседство да го намалат осветлувањето во своите дворови, да ги стишат своите миленичиња и да ги заменат растенијата во заедничката градина.

Жената пред Врховниот суд за случајот доставува тужба на 400 страници.

3 септември 2019 - 14:49