Топ Гиар протерани од Аргентина (заради Кларксон)

Снимањето Топ Гиар во Аргентина завршило со панично бегање и оставање на автомобилите на сред пат, откако целата екипа била каменувана од поголема група Аргентинци. Причина - Кларксон имал регистрација на тема Фокландска војна.

Регистрацијата на Поршето на Кларксон била H982 FKL, што според аргентинската публика алудира на војна за Фокландските острови од 1982-ра. Токму заради ова и било целото каменување.

По каменувањето екипата и водителите се повлекле во хотелот, а според еден локален политичар тие од таму заминале на аеродром и ја напуштиле земјата.

Кларксон, Хамонд и Меј снимаа една од своите специјалки на планински автопат кој минува низ Чиле и Аргентина. За нивната посета дозна и еден аргентински локален весник кој објави за регистрацијата на Кларксон.

"Иако претпоставените од БиБиСи побраа од водителот Џереми Кларксон да внимава како се однесува додека е во Аргентина, тој за неговото Порше сепак ја избра провокативна регистрација H982 FKL, како референца за 1982-ра и Фокландите," објави весникот Diario Jornada.

Продуцентите на Топ Гиар се бранат дека купиле 3 автомобили за снимањето и дека тие ниту биле избрани заради регистарските таблички, ниту пак оригиналната регистрација била заменета за снимањето.

Пишувајќи за "последното предупредување" (пред бркање) што го добил од БиБиСи, Кларксон во колумната за Сан објаснува:

"Дури ни ангелот Габриел не би можел да се бори за да преживее додека вакво нешто му виси над глава. Неизбежно е дека еден ден, некој ќе рече дека сум рекол нешто што го навредило, и тоа ќе биде тоа."

3 октомври 2014 - 17:18