Списокот на американската влада за новинари што треба да се следат

Не станува збор само за следење како разочаран бивш од типот манијачење на Твитер и Инстаграм, туку прописно следење како што влада знае тоа да го прави.

Американски новинари доаѓаат до информации дека нивната влада води тајна база на податоци во која се следат и заведуваат активностите не само на  новинари, туку и активисти, и луѓе од социјални медиуми. Заедничкото за сите овие е што некако биле поврзани со бегалскиот конвој кој минатата година патуваше од Средна Америка до границата на САД со Мексико.

Дури и откако завршува нивниот ангажман околу конвојот, неколку новинари пријавуваат дека добиваат не стандардно детално внимание од американските и мексиканските власти, од типот дополнителни проверки, притвор, спречување на движење, депортирање од Мексико во САД и слично.

Документите објавени од Ен-би-си покажуваат дека новинарите не биле параноични, туку дека навистина нивните имиња биле дел од тајна база на податоци на американската влада, за луѓе на кои треба да се внимава и за кои треба да се собира дополнително инфо.

Следењето било дел од „Операција безбедна линија“. Досието за секој човек што бил на листата имал фотографија (најчесто од пасош, но имало и од социјални медиуми), лични информации, нивната улога во однос на караванот, дали е поставен аларм на пасошот на тоа лице и детали од типот каков автомобил вози, каде работи, каде патува, мајчино име и слично. Дел од луѓето се прешкртани со икс, што обележува дека биле уапсени, испрашувани или дека им била укината визата (за тие што не биле со американско државјанство).

Сите, од новинари до прави експерти објаснуваат дека сето ова е спротивно на основите на американските закони, бидејќи американската влада одлучила да ја впрегне својата моќ за да следи новинари и активисти кои ги критикуваат владините политики.

13 март 2019 - 15:36