Сивата зона во Шведска

Од сите пазари на црно што можат да постојат во некоја земја: дрога, човечки органи, оружје, цигари, алкохол, ураниум, Шведска веројатно ја има најхардкор верзијата - пазар на црно за јагоди.

Проблемот на Националниот борд на земјоделци се јагодите кои на црно се увезуваат во земјата (најчесто од Германија) и се препакуваат како да се од шведско производство.

Препакуваните јагоди од увоз се продаваат по 1,13 долари за килограм, додека автохтоните шведски јагоди не можат да постигнат цена под 1,60 долари.

Заради негодувањето на земјоделците, Националниот борд веќе има испратено јагоди (кои се сметаат за увозни) на генетско тестирање во Германија, каде што треба да се докаже нивното потекло.

Се проценува дека на шведскиот пазар за јагоди се трошат околу 15 милиони килограми годишно.

23 јуни 2012 - 16:16