Сиромаштија и во Америка е сиромаштија

Над 40 милиони жители на САД моментално живеат под границата на сиромаштија. За подобра перспектива на бројката тоа е целата популација на екс-Југославија, плус Грција, плус Албанија, плус Бугарија, и пак ќе остане нешто кусур.

Бројката на сиромашни во најбогатата држава на светот е два пати поголема отколку пред 50 години, и покрај целиот напредок во богатењето што низ годините се случува во земјата.

На пример во цели региони на САД, како во рударските гратчиња на Апалачките планини, станато е сосема нормално луѓето да купуваат со бонови за храна (издадени од тамошното социјално).

Или пак, во Лос Анџелес има толкав број на бездомници што добротворните организации почнаа да градат мали дрвени колиби за колку толку да можат да им обезбедат кров над глава на луѓето. Паралелно со ова, и сосема на диво, подвозниците на патната мрежа во околу градот се преполнети со шатор населби поставени од бездомниците.

Трета поразителна статистика е дека моментално во САД има 1,5 милиони деца бездомници, што е три пати повеќе отколку за време на големата депресија во 1930-те.

Во исто време тоа што овие луѓе се бездомници или под границата на сиромаштија, најчесто не значи и дека се невработени. Напротив работат и имаат редовен прилив на пари.

Дојче Веле снима цел документарец околу сиромашните во САД, „Како сиромашните преживуваат во САД“ и симболично го објавува деновиве, во ист период со најголемиот „семеен“ празник во САД, Денот на благодарноста:

29 ноември 2019 - 16:17