Што е Зелениот нов договор?

Од сегашна перспектива (што треба да се направи и како тоа да се постигне) Зелениот нов договор е научна фантастика.

Проблемот со загадувањето е јасен и видлив, и никој разумен не го спори тоа.

Проблемот со решавањето на овој проблем е што сме стигнати до фаза кога работа ни врши само ако загадувањето го доведеме на „нула издувни гасови“.

Проблемот со нула издувни гасови е што тоа значи нула бизнис со нафта, нула бизнис со природен гас, нула бизнис со јаглен, нула бизнис за мотори со внатрешно согорување (речиси сите мотори во денешните возила), нула бизнис за автомобили. Како што ќе објасни новинарот на Вокс, „бројот нула значи дека сè мора да се укине.“

Проблемот со сета оваа нула е што милиони луѓе ќе останат без работа, а добар број луѓе ќе останат без милиони долари.

Зелениот нов договор предвидува решение и за овој проблем, и главната забелешка на тој дел е што „ја тера водата“ накај демократите.

 

13 јуни 2019 - 11:52