Провери сам, да не проверуваме ние

По 50 години, властите на Мијанмар одлучија да ја укинат цензурата на вестите во земјата. Нормално, има и едно "ама" во укинувањето.

До сега новинарите во земјата мораа да ги испорачаат сите свои натписи до комисијата за цензура, пред тие да бидат објавени. Сега, по ново, статиите не треба однапред да се испраќаат.

Укинувањето на цензурата не значи и укинување на комисијата на цензура, туку дека таа ќе ги прегледува вестите откако тие ќе бидат објавени. Доколку некој ги прекрши правилата и пишува што треба и што не треба, комисијата повторно ќе може да го казни.

Цензурата е воведена во 1962-ра по државниот удар во Мијанмар. По правилата, сите видови на медиум (книги, музика, уметност, цртани филмови...) мораа да бидат проверени од владините цензори за тоа "дали се закана за мирот и стабилноста."

21 август 2012 - 10:43