Милош Земан, претседател на Чешка:

„Не сакам американски ракети, САД помалку да попуваат“

Чешкиот претседател Милош Земан ја одби идејата во неговата земја да бидат разместени американки ракети. На САД им порача повеќе да слушаат што другите земји има да кажат а помалку да солат памет.

Милош Земан објасни дека се противи на идејата за разместување американски воени ракети иако ги разбира полските стравови од Русија.

„Полјаците со Русија имаат долгорочно негативно историско искуство, би рекол дека тоа некогаш им е фобија. Но, ако, то таму го разбирам. Во случајот со Чешка не гледам никаква причина. Морате да разберете дека денес светот е помалку безбеден отколку што беше бидејќи освен трговска војна меѓу Америка и Кина, се случи и трговска војна меѓу Америка и Европската Унија,“ изјави Земан во интервју за чешка телевизија.

Откако во Чешка стигна покана за посета од Белата куќа, но не адресирана до Земан туку до премиерот Андреј Бабиш, Земан сепак кажа што би рекол таму:

„Пробајте помалку да попувате а повеќе да ги слушате другите“.

22 февруари 2019 - 13:04