Ле Пен: Франција не се бурки на плажа, Франција е Брижит Бардо

Десничарската кандидатка за претседател на Франција беше на 60 минути кај Андерсон Купер. Најчесто за наслов го издвојуваат нејзиното прогласување војна со дивјачкиот глобализам. Пар други поенти.

За Трамп и Брегзит: „Тврдеа дека Брегзит не може да помине, дека Трамп нема да биде избран ни за кандидат за својата партија. Гледате како сè поретко го кажуваат тоа сега?“

За Русија: Ле Пен оцени дека тврдењето дека Русија е закана за Европа е една голема фабрикувана измама.

За глобалните елити: „Глобализацијата стана идеологија без никаква кочници. Сега нациите повторно се враќаат во дебатата. Нации со граници кои ги контролираме, со реални економии; не економии на Вол Стрит туку оние со фабрики и фармери. Дивата глобализација им донесе ќар на некои но за повеќето беше катастрофа“. 

Како имигрантите ја имаат сменето Франција: Марин Ле Пен вели дека неспорно е дека во некои маала во Франција веќе е неможно да се живее на француски начин. А на странците во Франција им порача: „Ако имате работа, ги почитувате нашите закони, нашите кодекси, апсолутно немате за што да бидете загрижени“.

За шамиите: Ле Пен повтори дека е против нивно носење на јавни места. Или како што го формулираше:

Франција не се бурки на плажа. Франција е Брижит Бардо. Тоа е Франција.

6 март 2017 - 09:35