Колку сакаш твојот град да не постои од 0 до 1 милион евра

Слично како што кај нас никој не верува дека воопшто постојат Демир Хисар, Пехчево, Македонски Брод, Пробиштип и слично, во Германија никој не верува дека градот Билефелд вистински постои. Сега Билефелд сака уште повеќе да не постои.

Градот со над 330 илјади жители е дел од популарна германска теорија на заговор, според која тој всушност е измислен и такво нешто нема на германско тло.

Во тоа име градските власти на Билефелд понудија награда од 1 милион долари на секој што може да докаже дека градот стварно не постои.

Луѓето се спремни да ги дадат парите за сите што веруваат во заговорот „да добијат уште една фер шанса“да докажат дека 800 години стариот град е илузија, а по пат и да соберат нешто публицитет од ширењето на информацијата.

Теоријата на заговор е од 1993-та, и според нејзе градот кој не е познат по ништо посебно всушност не постои, а група по име „SIE“ (Тие), ја создале илузијата за градот.

Доказ дека градот не постои може да биде поднесен од 4-ти септември годинава, кај градските власти.

22 август 2019 - 11:36