Колку исклучоци прават правило?

Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.  

Според документите достапни бчагодарејќи на Сноуден, само во 2012-та година се забележани 2.776 случаи на незаконско прислушување, пишуваше Вашингтон Пост.

2.776, тоа се седум "упс-а" на ден. Надлежните во НСА објаснуваат дека оваа бројка воопшто не е голема, со оглед на масивноста на операциите за секојдневното следење. Дури и да се работи за илјадници случаи на прекршувања на правилата, би се разботело за безначаен удел во вкупните цифри.

Но, не се работи за поединечни инциденти.

На пример, зад еден од овие инциденти се работи за случајно грешење на телефонскиот код: наместо да се следат повиците од Египет со код 20, во системот било впишано 202, што е позивен за целиот Вашингтон. И, колкумина се прислушувани заради оваа грешка обележана како поединечен инцидент?


Во друг пример, за човек кој по следењето добил зелено светло дека не претставува закана, дополнително се изготвени уште 33 извештаи, дистрибуриани по разни делови на владините служби. Очигледно, на листата сомнителни лесно се влегувало а тешко се излегувало.

Честопати се работело за прешироко дефинирање на сомнителните поими. Па следи наредба за следење на "било кои комуникации во кои се спомнува шведскиот производител Ериксон, како и поимите радар и радио".

Колку луѓе влегле во оваа листа затоа што од банални причини во некој меил напишале 'радио'?

НСА тврди дека зад ваквите инциденти стои исклучиво компјутерска или операторска грешка. Но, факт е дека огромен број од "инцидентите" е регистриран благодарејќи на автоматизираните сигнали, не затоа што некој во НСА бил загрижен за тоа. Конгресот и другите контролни тела никогаш не добил извештај за грешката 20-202.

Всушност, единствениот човек кој свесно и намерно го покрена ова прашање е Едвард Сноуден кој сега се крие во Русија.

17 август 2013 - 16:47