Кој ги спискува милијардите на Гадафи? Белгија ги спискува милијардите на Гадафи

Во тек е истрага која треба да утврди каде белгиските банки имаат уплатено милијарди евра од замрзнатиот имот кој му припаѓаше на Муамер Гадафи.

На ова им претходеа обвинувања до белгиските власти дека исплаќале камати и дивиденди на либиските пари замрзнати во нивните банки. Притоа не е најчисто ни кој е примателот на исплатите од Брисел.

„Документите на О.Н. потврдуваат дека Белгија ја прекршува резолуцијата на О.Н. за замрзнување на либискиот имот,“ тврди еден белгиски парламентарец.

Тврдењата кои прв пат беа објавени на почетокот од годинава повторно се актуелизираа во септември, кога панел експерти на О.Н. за Либија заклучи дека Белгија ги прекршила меѓународните санкции, и тврди дека исплаќањето пари „може да доведе до злоупотреба на средствата“.

По смртта на Гадафи во 2011, О.Н. одлучија дека целиот негов имот во белгиските банки треба да биде замрзнат. Низ оваа блокада некако успеваат да се протнат каматите и дивидендите од богатството на Гадафи, кои изнесуваат меѓу 3 и 5 милијарди евра. Според либиските власти замрзнатите средства на Гадафи во декември 2010 изнесувале околу 35 милијарди долари.

Сега има две точки на истрага, зошто од замрзнатите сметки се исплатени огромни пари и на кого тоа му се исплатени. Она што се знае е дека меѓу 2011 и 2017 парите редовно биле префрлани на сметки во Бахреин и Луксембург.

8 ноември 2018 - 11:25