Канада ќе престане да праќа „летечки килими“ како хуманитарна помош

Медиумите открија дека со државни пари, од Канада во Хондурас како „хуманитарна помош“ стигнуваат пратки со хомеопатски лекови, здравствени тракатанци кои имаат научно покритие исто колку летечките килими.

Канадската хуманитарна организација „Земја без граници“ од државата добила 200.000 канадски долари кои биле искористени на јадниците во Хондуас да им се испратат хомеопатски лекови, нешто што науката рутински го демаскира како шарена лага.

Добар дел од парите не се ни за лекови туку за испраќање хомеопатски стручњаци кои треба да ги воведат локалците во примената на ваквиот тип терапија.

„Во иднина нема да поддржуваме вакви програми“, соопшти претставник на владиниот сектор за меѓународен развој по избивањето на скандалот.

По моделот на „Доктори без граници“, во светот се формирани дузина слични друштва како „Натуропати без граници“, „Хомеопати без граници“, „“Хербалисти без граници“, „Ароматерапевти без граници“ кои шараат по унесреќените делови на планетава обидувајќи се да ги промовираат своите верзии на излекувањата.

„Не дека околу хомеопатијата постои некоја научна дебата. Таа е на ниво на летечки килими, исто ниво на глупост,“ вели Тим Колфилд, директор на канадскиот здравствен институт во Алберта.

*****

Види и:

Овој лек не работи

Пилуле за лилуле

17 март 2019 - 06:35