Италијански град продава куќи за 1 евро

Се работи за Самбука, кој се наоѓа на Сицилија, излегува на Медитеранот, има полна зима со сончеви денови и од пред некое време нуди куќи на продажба по цена од 1 евро. Плус, сигурно ќе најдете место за паркинг.

Намерата на локалните власти им е да донесат колку толку луѓе во заедницата, за таа малку од малку да пркне од емигрирањето на локалното население кое го остава Самбука речиси празен (слично како и голем број рурални места во Италија).

Она што е различно кај Самбука од останатите италијански градови кои преземаа слични проекти е што тука градските власти ги поседуваат куќите што сакаат да ги продадат.

„Нема тука посредници кои се врска меѓу новите и старите сопственици. Ја сакаш куќата, ја добиваш одма,“ изјавува заменик градоначалникот и туристички советник на Самбука, Џузепе Качопо.

Цаката е во тоа што новиот сопственик мора да се обврзе дека ќе ја обнови својата куќа, со површина од 40 до 150 метри квадратни, во рок од три години, за што почетен трошок е некаде околу 15.000 евра.

Тие исто така треба ова ветување да го поддржат со депозит од 5.000 евра, кој ќе им биде вратен по реновирање на куќата.

Качопо ветува дека купувачите нема да бидат разочарани.

„Самбука е познат како Град на сјајот. Ова плодно парче земја е наречено Земски рај. Ние сме лоцирани во природен резерват, преполн со историја. Опкружени сме со преубави плажи, дрвја и планини. Тивко е и мирољубиво, идилично место за детокс,“ порачува Качопо.

17 јануари 2019 - 11:36