И ЦИА и ФБИ се вклучија во истрагата за потеклото на Трамп-Русија истрагата

Пред три недели првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, започна со истрага како и зошто воопшто дошло до тоа Роберт Мулер да спроведе истрага против американскиот претседател. По пат на помош ги викна и ЦИА и ФБИ.

Инсепшн истрагата се базира на поплаките на Трамп и неговите, дека американското министерство за правда и ФБИ недозволено ја шпионирале кампањата на Трамп.

Пред еден месец Бар пред членови на американскиот Конгрес изјави дека верува дека кампањата на Трамп била шпионирана во 2016. Ни тогаш, ни подоцна, Бар не даде никакви дополнителни детали околу шпионирањето што го спомна.

Се претпоставува дека се работи за налог за прислушување што ФБИ во тој период успева да го добие за следење на поранешниот соработник на Трамп, Картер Пејџ, и за тоа што ФБИ користеле кодош додека го истражувале поранешниот советник за надворешна политика на Трамп, Џорџ Пападопулос.

Бар во истрагата соработува со директорката на ЦИА, Џина Хаспел, и тамошниот директор за национално разузнавање, Ден Коутс; и директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

15 мај 2019 - 10:29