Градоначалник во блиска средба со одговорност

Деновиве 11 луѓе се уапсени по обвинение дека политичката одговорност на нивниот локален градоначалник ја претвориле во физичка одговорност. Луѓето имале проблем со неисполнети ветувања на градоначалникот.

Групата е од јужно Мексико, а обвинението (кое е и документирано со видео) е дека го извлекле градоначалникот од канцеларија, го врзале за пикап и го влечеле по локалните улици.

Целата драма завршила со интервенција на десетици полицајци кои едвај го запреле пикапот за да го спасат градоначалникот. За среќа, кметот завршил без посериозни повреди.

Откако го спасиле, полицајците имале судир со луѓето што го развозувале градоначалникот по улиците.

Ова бил втор напад од локалните земјоделци кои инсистирале градоначалникот да се држи до своето изборно ветување и да го санира локалниот пат. Во првиот напад, незадоволните гласачи упаднале во канцеларијата на градоначалникот и откако не го нашле таму, својот гнев го истуриле на инвентарот.

14 октомври 2019 - 14:37