Цела Франција небањати

Знаме на Франција и ЕУ до зборовите од француската химна од 1-ви септември се задолжителни за секоја училница низ земјата. Ако едно нешто знаеме тоа е дека со ваков национализам Франција нека не се надева дека во скоро време ќе види НАТО или ЕУ.

Назадната одлука на француските власти беше одобрена како дел од образовните реформи донесени во февруари, предложени од опозицијата а поддржани од Макрон.

Пакетот што во иднина ќе ја краси секоја училница е: знаме на Франција, знаме на ЕУ, текстот на химната и националното мото „Liberté, Égalité, Fraternité“.

Освен освежувањето на дизајнот на училниците, главна промена е што земјата воведува задолжително образование од 3 години, наместо од 6 како што беше до сега, нешто што во Франција важи од 19-от век.

Новото правило ќе смени само кај многу мал број од родителите, бидејќи 97% од семејствата што имаат деца на возраст меѓу 3 и 6 месеци веќе се влезени во образовниот процес. Казна за непочитување на ова правило („баба му ќе го чува“) е 1.500 евра.

Инаку, француското знаме веќе е истакнато во секој училишен двор во земјата.

3 септември 2019 - 12:32