Анкара до Берлин: Ти најде да ми збориш

Вие горевте Евреи во печки а ја обвинувате Турција за геноцид, беше реакцијата на турскиот министер за правда откако долниот дом на Бундестагот одлучи да го прогласи масакрот на Ерменците за геноцид.

Бекир Боздаг им порача на Германците "да си ја гледаат својата историја... во нашата историја нема ништо од што би се срамеле."

Германија прилично ноншалантно се однесува околу реакција на Турција, па министерот за надворешни работи објаснувајќи дека било очекувано Турција да реагира порача дека "се надева во следните денови и недели дека ќе успеат да избегнат претерана реакција."

Иако до сега речиси 30 држави, меѓу кои и Франција и Русија, го имаат признаено масакрот како геноцид, последната одлука доаѓа во интересно време заради обидите да успее договорот за враќање на бегалците од ЕУ во Турција.

Во вчера изгласаната резолуција, делумно е обвинета и германската империја, која тогаш е сојузник со Отоманското царство, за тоа што не успеала да го спречи масовното убиство.

Резолуцијата доби поддршка и од канцеларката Меркел, која не учествуваше на гласањето заради други службени обврски. На прес конференција во седиштето на НАТО, Меркел порача дека нејзината влада "ќе направи сè за да го помогне дијалогот меѓу Ерменија и Турција."

Спикерот на парламентот изјави дека "голем број закани се испратени до колегите (законодавци) посебно оние со турско потекло, вклучувајќи и смртни закани."

Додека Ерменците тврдат дека 1,5 милиони нивни сонародници биле убиени од страна на Отоманските сили во периодот меѓу 1915 и 1917, турската верзија е дека 300 до 500 илјади Ерменци, и уште толку Турци загинале во ерменското востание против Отоманските владетели, откако Ерменците влегле во сојуз со освојувачките руски сили.

3 јуни 2016 - 16:07