Американски скоевци

Додека популарноста на капитализмот во САД е во постојан пад, социјализмот (како идеја) стабилно се држи и има посебна поддршка кај демократите и младите луѓе во земјата.

Последната анкета на Галуп покажува дека 57% од демократите имаат позитивни гледишта кон социјализмот, додека кон капитализмот иста позиција имаат 47% од демократите. Дури и 16% од републиканците исто така имаат симпатии кон социјализмот.

Кај младите на возраст од 18 до 29 години 51% веруваат во социјализмот, а помалку од половина, 45%, имаат доверба во капитализмот.

Иако мнозинството демократи позитивно се настроени кон социјализмот на сите анкети на Галуп од 2010 до денес, таа поддршка во овој период нема значително пораснато. Онаму каде што се бележи голема разлика е поддршката за капитализмот, која од 2016 до денес паѓа за 9%.

16 август 2018 - 11:06