Американски демократи бараат ЈНА

Пар претседателски кандидати од редовите на Демократската партија се залагаат за воведување воен рок за сите кои завршиле средно. Така се јакнел моралот.

Џон Делејни и Пит Бутиџеџ сметаат дека јавните сервиси го градат моралот и помагаат за споделување вредности. Во нивните програми, тоа би била добра ставка за оние кои започнуваат кариера, нешто што би им помогнало да развијат драгоцени вештини. 

Кај Делејни тоа би било задолжително а кај Бутиџеџ доброволно. Делејни предлага една или две години воено или цивилно служење и тоа да биде мандаторно за сите кои наполниле 18 години. Бутиџеџ е за доброволно но и за зголемување на платените јавни сервиси од 75.000 на 250.000.

Во светот не е ретко државите да налагаат задолжителен воен рок.

Во Колумбија е една до две години.

Мароко ја врати воената обврска лани и таа важи за сите од 18 до 25 години кои треба да отслужат една година.

Руанда бара задолжително учество на сите полнолетни лица во чистење на своите градови и села еднаш месечно (види: Време е да се апдејтираме за Руанда).

Швајцарија бара сите мажи од 18 до 34 години да минат основна воена обука во времетраење од 21 недела а потоа секоја година имаат вежби.

Франција го врати задолжителното учество во јавни сервиси во 2018 година и од тинејџерите бара да минат еден месец учејќи прва помош и однесување за време на несреќи.

Во Израел се служи од една до три години.

Она што би почнало како доброволно, со текот на времето би станало програм во кој би учсетвувале сите Американци, без исклучоци и специјални третмани.

Делејни

Наша намера е да создадеме пат кон универзално обавување јавен сервис за сите 4 милиони завршени среднисти за првото прашање кое ќе им биде поставено кога ќе дојдат на факултет, да биде: А ти каде служеше?

Бутиџеџ

4 декември 2019 - 15:36