Ако не сакате глобално затоплување треба монструозно поскапување на струјата

Сметките струја треба да пораснат за 43% на светско ниво во следната деценија ако сакаме да имаме какви било шанси за справување со климатските промени, предлага ММФ.

За да не се случи глобален линч, парите што ќе дојдат од зголемените сметки владите треба да ги вратат назад кај народот и да ги компензираат потрошувачите.

Бројката се базира на математика според која неопходно е данокот на јаглерод-двооксид да се зголеми од 2 долари за тон на 75 долари за тон, што на сметката за струја ќе удри со покачување од 43%. Поскапувањето би било поголемо во земјите кои повеќе зависат од јаглен за добивање на струја.

Мотивот зад овие бројки е дека без доволно поскапување температурите се очекува до 2100-та да пораснат за 4 степени целзиусови, и тоа што а на издувните гасови од фосилните горива отпаѓаат речиси две-третини од стакленичките гасови.

Во извештајот се наведува дека компензацијата, враќањето на дел од парите кај потрошувачите, е клучна за остварување на планот.

„За даноците на јаглерод-двооксид да бидат политички изводливи и економски ефикасни, владите ќе мора да решат како ќе ги користат новите приходи. Меѓу останатите опции се укинување на други даноци, поддршка за ранливи домаќинства и заедници, раст на инвестиции во зелена енергија или едноставно враќање на парите кај граѓаните како дивиденда,“ објаснуваат економистите на ММФ.

А може и вака:

16 октомври 2019 - 16:34