За климата, без паника

Меѓународен истражувачки тим апелира да се земе малку потрезвен пристап околу иднината на климатските промени. Накратко, да се намали со паниката.

Во студија објавена во Environmental Research Letters се аргументира дека во доминантните модели на климатски промени се потценети позитивните фактори односно елементите кои водат кон олеснување и подобрување (митигација) на проблемот.

Во извештајот се наведува дека моделите кои се користени за донесување официјални политики добро ги лоцираат опасностите но истовремено ги игнорираат спротивните тенденции за подобрување на состојбите. 

„Нашиот извештај е кристално јасно потсетување дека сме соочени со климатски предизвици. И укажуваме на тоа дека фокусираноста и итните акции за борба против климатските промени се суштински. Но, истовремено, нашите сознанија укажуваат дека ни паниката ни самозадоволството не се втемелени,“ вели еден од авторите од Универзитетот во Колорадо.

Студијата заклучува дека ако поранешните проекции ја потценувале брзината на затоплувањето, подоцнежните модели, оние кои се користени за дизајнирање политики, ги игнорираат или потценуваат позитивните тенденции, оние кои се поврзани со практичните чекори за намалување на проблемите.   

Ко-автор на студијата од Беркли вели дека нивната студија открила дека актуелната стапка на декарбонизација на глобалната економија веќе е значајно повисока од онаа која се користи во повеќето проценки.

28 ноември 2019 - 18:59