Вака можевме и ние...

ВД градоначалник на едно место во Флорида е уапсен и однесен во притвор, неполн месец откако го замени претходниот градоначалник, кој беше уапсен.

Порт Ричи во Флорида за само 20 дена изгуби двајца градоначалници кои завршија зад решетки. Вториов, 64 годишниот Теренс Роув, е уапсен за заговор и опструкција на правдата, на основа на пресретната двонасочна комуникација на таа тема.

Тој дојде на функцијата откако гувернерот Де Сантис го суспендираше градоначалникот Дејл Масад, кој отворил оган и започнал престрелка со специјалците кои дошле да го апсат, со обвинување дека нелиценцирано извршува медицинска пракса. 68 годишниот Масад бил познат по својата нарко зависност а специјалците знаеле декa држи оружје во домот. 

За апсењето на вд градоначалникот не се откриваат многу детали но властите велат дека има врска со претходното апсење. Кој и да биде трет градоначалник на Порт Ричи, ваљда некои работи ќе му бидат јасни.

15 март 2019 - 09:55