Тетовиран живот

За разлика од тетоважите на криминалците низ остатокот од светот, секоја тетоважа на руски затвореник има конкретно значење, а за тие што се разбираат во целата работа, тетоважите го раскажуваат животот на затвореникот.

 

Некаде по распаѓањето на СССР, фотографот Сергеи Василиев прави фотосесија во некои од најозогласените руски затвори. Сите фотографирани се членови на некоја банда, и се затворени за кражба, рекетирање или убиство.

- Кама нацртана на вратот значи дека човекот има убиено некого и дека пак ќе убие за одредена цена (бројот на капки означува колку убиства има направено).

- Ружа на рамо значи дека тој наполнил 18 години во затвор.

- Бројот на шилци на бодликавата жица означува колку години му е затворската казна.

- Скршен оков значи дека затвореникот има избегано од затвор.

Различните стилови на тетоважите ги означуваат и различните затвори низ кои минал затвореникот, а тетоважите го обележуваат и рангот на криминалецот.

Верноста на тетоважите се одржува со цел систем на казни кои може да те стигнат ако лажеш. Во најдобар случај, ако се накитиш со тетоважа што ја немаш заслужено таа може да ти биде отстранета со шмиргла, стакло или жилет. Ако го одбиеш ова, следува силување или убиство.

5 декември 2012 - 18:54