Тажна вест за синот на еден познат пеач

Ничим изазван, "малиов" се соблекол по гаќи на еден аеродром. Ама, не е тоа тажното.

На Њуфаундленд е уапсен 44 годишниот Џон Картер Кеш, откако без некоја посебна причина на јавно место се соблекол по гаќи. Бил таму на ловечка екскурзија па се враќал дома во Тенеси кога решил да се разгаќи на аеродромот во Дир Лејк. Полицијата решила да не подигне обвинение против него бидејќи бил кооперативен и малку луѓе биле вознемирени од неговиот потег. Медиумите претпоставуваат дека соблекувањето било последица на алкохолизираност или пак го трефнало некое акутно ментално гајле.

Но, сето тоа не е тажно.

Џон Картер Кеш е син на легендата Џони Кеш. Имал вонсериска привилегија сопствениот татко да му ја отпее оваа песна:

Ете, тоа ни падна малку тажно.

29 октомври 2014 - 10:58