Пекинг буквално пропаѓа во земја

Одредени делови на главниот град на Кина годишно тонат по 11 сантиметри во земја, покажува студија во која локални експерти анализираат сателитски слики од градот.

Пропаѓањето се должи на исцрпените подземни води низ одредени области на Пекинг. Како што објаснува Гардијан иако градот има регулација за копање бунари, таа нередовно се спроведува. Се смета дека во и околу Пекинг постојат околу 10.000 бунари. Како што се намалува нивото на подземната вода така околната почва се собира, "нешто слично на исушен сунѓер."

Снемувањето на подземните води сериозно влијае на интегритетот на инфраструктурата на градот, посебно на зградите и железницата. Најголем пад има во Чаојанг областа во Пекинг, која во 90-те доживеа инфраструктурен бум со изградба на облакодери, обиколници и останати објекти.

Во 2015 Кина го пушти во употреба мега-инженерскиот проект за решавање на кризата со водата во Пекинг, во кој преку мрежа од канали со должина од 2.400 километри во главниот град се пренасочуваат 44,8 милијарди кубни метри вода. Овој проект чинеше 48 милијарди фунти.

27 јуни 2016 - 14:26