Не е само до популизмот, сè се менува

По месеци кревање паники околу подемот на крајната десница во Баварија, на крајното пребројување АФД со 10,2% беше на антиклимаксно 4-то место по бројот на гласови. Она што ретко кој го спомна во прогласувањето на „историскиот пораз на ЦСУ“ е дека и левата Партија на зелените на овие избори имаше 8,9% повеќе гласови во споредба со претходните.

Поразот на ЦСУ колку и да е изненадувачки и значаен само на партиско ниво, бидејќи резултатите и понатаму покажуваат релативна стабилност на ниво на блокови (леви / десни). Така левите СПД и Зелените си земаат од своите гласачи, како што и десните ЦСУ и АФД земаат од своите. Најголема промена се случува во центарот, каде две помали партии (Слободната демократска партија и Слободните гласачи) заедно освојуваат 4,4% од гласовите.

„Ова не значи дека има промените се мали.

Прво, и двата блока имаат идеолошко придвижување, десните стануваат по радикално десни, а левите стануваат порадикално леви...

Второ, партискиот систем, вклучувајќи ги левиот и десниот блок, станува пофрагментиран. Не само во однос на бројот на партии кои добиваат пристап до парламентот туку посебно во однос на нивната релативни големина. Малку повеќепартиски системи се уште имаат една, а не пак две, партии кои добиваат повеќе од третина од гласовите. Најголемиот дел од партиите денес се со средна големина, што значи дека блокoвите повеќе не се составени од големи социјал демократски партии и мала партија на Зелените, туку од две речиси еднакви по големина партии. Ова ја менува динамиката на моќта и меѓу и во блоковите.

Трето, индивидуалната нестабилност е многу поголема од вкупната нестабилност, и таа не се случува само во рамките на блоковите. На пример, ЦСУ изгуби речиси исто гласачи од АФД колку што изгуби и од Зелените, додека СПД изгуби речиси исто гласови од десничарските партии (ЦСУ и АФД) колку и од Зелените. Слично, на неодамнешните избори во Шведска, на која имаше релативно скромни промени во успехот на партиите, и речиси никакви во однос на блоковите, рекорден број на гласачи ја сменија партијата.

Сето ова нè води до вистинската приказна за баварските избори. Иако е точно дека популистичките партии, и поконкретно популистичките радикално десни партии, бележат постојан раст во 21-от век, ова е само еден дел од поголема и поважна сторија за трансформацијата на европската партиска политика.

Оваа трансформација влијае на сите партии, не само на популистичките. Главни губитници се централно-левите партии, зелените и радикалната десница се главни победници, додека централно-десните преживуваат, а некогаш и просперираат (барем на краток рок), со остро вртење кон десно. Освен вртењето кон десно, главно во социо-културна смисла (имиграција и интеграција), ова доведе до попроблематични и пролонгирани процеси на формира коалиција, од Германија до Шведска, и поранливи коалициски влади.

Оваа трансформација на европската политика заслужува повеќе внимание од академици и новинари, кои премногу често се привлечени од симплистичката рамка ’популисти против естаблишмент’,“ објаснува Кас Мадл во текстот за Гардијан.

20 октомври 2018 - 13:05