37 години од убиството на Џон Ленон:

Кој ќе ги преживее властите, нема да ги преживее лудаците

Сето она на што денешниот граѓанин може да се пожали во врска со самоволието на властите, сето тоа е пробано на Џон Ленон: надгледување,  малтретирање, политичко гонење, етикетирање, криминализирање. Дури и кога ќе се добие битката со системот, следат лудаците кои системот ги произвел.  

Џон Ленон бил предмет на 4 годишна оперативна акција на шпиунирање и малретирање од властите на САД, во обид на тогашниот американски претстедател Ричард Никсон да го неутрализира и депортира човекот кој го сметал за еден од најголемите опасностите за државниот поредок.

Многу години после атентатот се откри дека ФБИ наполнило 281 страна во неговото досие, што не е ново за бирото кое има долга историја на гонење и генерално заплашување активисти и културни работници, меѓу кои ќе се најдат и Пабло Пикасо, Чарли Чаплин, комичарот Лени Брус, фолк пејачот Пит Сигер и други,

Ленон веруваше во моќта на своите пораки па на концерт во Мичиген во 1971 година ја изведува „Џон Синклер“, посветена на поетот и активист кој беше осуден на 10 години затвор заради две цигари марихуана. Само неколку дена по концертот,  Врховниот суд на таа држава наредува Синклер да биде ослободен.

Иако верувал во моќта на луѓето, Ленон ја разбирал опасноста од лакомите за моќ власти. „Проблемот со владата е што таа не ги застапува луѓето, таа ги контролира“, ќе рече тој.

„Мора да запамтите, естаблишментот е само друго име за злото. На монструмот не му е гајле ако убива, тој е надвор од контрола“.

Системот го сметал Ленон за дотолку поопасен што тој не бил еден од оние за кого неговите власти се подобри од другите. Кај него Никсон и Мао Це Тунг заедно играа голи на неговите омоти и генерално тој препорачуваше радикална претпазливост кон секоја и секаква власт.

Уплашен од неговото влијание врз 11 милиони нови гласачи (во 1972 година за првпат право на глас добиваат оние со наполнети 18 години), Никсон преку службите за првпат издава налог за негово протерување од земјата. Тој случај со години кружи меѓу Белата Куќа, ФБИ и Бирото за имиграција, но адвокатите на Ленон секогаш успеваат да го одложат поднесувајќи жалби и други правни лекови. 

Таа битка Ленон конечно ја добива во 1976 година но приказната трае само до 8 декември 1980 година, кога пред да си дојде дома во зградата Дакота, го убива оној психопат Марк Чепмен, откако порано таа вечер му побарал и добил автограм. Ленон конечно беше неутрализиран. 

„На оние што му се придружија на Ленон во замислувањето на еден свет на мир, потешко им е да го помират тој сон со реалноста на американската полициска држава. Како што покажувам во мојата книга „Битката Америка: Војна против Американците“, тие што се осмелуваат гласно да проговорат се етикетираат како лудаци, терористи, ментално нестабилни луѓе и се маркираат за набљудување, цензура или притворање“, пишува авторот на таа книга Џон Вајтхед.

Како што Ленон самиот кажа во едно интервју од 1968 година:

„Мислам дека нашето општество го водат луди луѓе со луди цели... Сите сме водени од манијаци... американската влада, руската, кинеската... Ама јас се квалификувам да бидам отстранет и прогласен за лудак затоа што го кажувам тоа.“

Ленон имаше неколку совети што може да се прави во една таква луда ситуација:

„Ако секој инсистира на мир, а не на нов телевизор, ќе има мир“.

„Создади го својот сон. Ако сакаш да го спасуваш Перу, оди и спасувај го Перу. Не го префрлај тоа на лидерите, ќе треба сам да го сториш тоа“.

„Ако сакаш мир, нема да стигнеш до него со насилство“.

„Војната заврши, ако така сакаш“.

*******

Поправка од читател:

Zdravo Trendo ,

Interesen article,

Kolku da se nadovrzam kaj delot kaj sto se spomnuvaat advokatite na Lenon I da potenciram deka samo eden advokat gi zastapuva Lennon i Ono za vreme na postapkata za ostranuvanje od USA. Negovoto ime e Leon Wildes.

imam cest i privilegija da se druzam so nego I od prva raka da slusnam za slucajot

Legalnite alatki so advokatot gi upotrebuva vo nivnata odbrana bea osnova za programata DACA sto Obama ja odobri I spasi okolu million luge od deportacija.

I pogodi sto? Trump ja stopira programata.

Pozdrav I Peace druze :) ✌️
Darko

 

10 декември 2017 - 23:37