Добрите затвореници ќе добиваат клучеви

Примерните британски затвореници во иднина ќе имаат клуч од својата ќелија, за да можат да отидат во кујна или теретана кога сакаат. Или пак самите да се заклучат во неа, пошто наоколу секакви ги има.

На затворениците во британските апсани во иднина ќе може да им се даваат клучевите од нивните ќелии за да се охрабри примерното поведение. Тоа е една од мерките со кои властите ќе пробаат повеќе со награди а помалку со казни да го регулираат однесувањето на затворската популација. 

Затворските управи ќа имаат право на некои затвореници да им дозволуваат да минуваат повеќе време надвор од ќелијата, слобода да одат во кујна и да готват свои јадења или пак да тепаат време во затворските теретани.

Со клучот од својата ќелија затвореникот ќе може и да се заклучува, пошто таму секакви комшии постојат. Се разбира, последниот збор ќе го имаат чуварите кои ќе можат и да отклучуваат и да заклучуваат врати кога тоа ќе биде потребно.

Со новите правила се брише автоматската рестрикција на привилегиите на новите затвореници во рок од две недели години а на управите им се забранува да ги наградуваат затворениците со повеќе гледање телевизија и други облици на непримерено наградување.

15 јули 2019 - 09:35