Диета на база на мраз

Тргнувајќи од математиката дека секогаш кога е во прашање студ телото троши калории за да го надомести минусот во температурата, американски доктор, инаку сериозен борец против диети, предлага слабеење со јадење мраз.

Др. Брајан Вејнер, гастроентеролог, ја пишува книгата The Ice Diet, во која објаснува како се слабее со помош на мраз. Книгата е во електронска форма, а Вејнер ја нуди комплетно бесплатно "за да не влезе во истиот куп со останатите промотори на контрапродуктивните помодарски диети."

Неговата логика е дека кога јадеш значителна количина на мраз, твоето тело троши енергија за да го стопи мразот. Истата количина треба и да те засити со тоа што ќе пополни простор во вашиот стомак.

Според пресметките, внесувањето на еден литар мраз ќе стопи околу 160 калории, што по потрошувачка е еднакво како да си истрчал 1,6 километри.

Самото внесување мраз не би требало да има штетни последици по вашиот организам, ама диетата доаѓа со неколку предупредувања:

- не треба да се надмине дозата од 1 литар на ден
- препорачливо е мразот да биде иситнет на парченца (како за мохито), за да не ги оштетиш забите и непцата
- да не се јаде мраз кога е многу ладно надвор
- да не јадеш мраз веднаш после физичка активност, за да го оставиш телото да троши што е можно повеќе калории за ладење на организмот
- на деца да им се дава помала количина од 1 литар на ден, во зависност од нивната тежина и возраст

Скептиците сакаат да ја побијат диетата по основа на бројки. Нивните пресметки се дека 1 литар мраз топи 117 калории, па затоа треба да внесеш 30 килограми мраз за да стопиш 3.500 калории колку што е потребно за да намали половина килограм тежина. Ова во основа доаѓа по половина килограм месечно (6 кг. годишно), ако сите други ставки ти останат исти.

30 јуни 2014 - 16:47