Демократската конгресменка без извини му се пушти на Обама

Жената што на грб го навлече гневот на сопствената партија, Илхан Омар, заради коментари околу Израел сега му се сврте на убедливо најобожуваниот лик кај Демократите, за гревовите од неговиот мандат.

Зборувајќи за магазинот Политико, Омар порачува дека надеж и промени слоганите на Обама не се ништо повеќе од фатаморгана.

„Според нејзе партијата која наводно е посветена на прогресивни вредности стана соучесник во одржување на статус-кво. Омар објаснува дека ’надежта и промените’ што ги нудеше Обама беа само фатаморгана.

Потсетувајќи на ’ставањето деца во кафези’ на американско-мексиканската граница и ’бомбардирањето од дронови на земји низ светот’ за време на мандатот на Обама, таа тврди дека претседателот од демократите функционирал во истата фундаментално расипана рамка како и неговиот републикански наследник,“ пишува во текстот на магазинот Политико.

Токму кога дебатата околу ИЦЕ и наредбата на Трамп да се притвораат имигранти беше најжестока, на интернет се појави фотографија од две деца како спијат во кафез во еден од објектите на ИЦЕ. Фотографијата со жолчни коментари на Твитер ја објавија голем број противници на Трамп од поранешниот автор на говори на Обама, до уредник на Њујорк тајмс, новинар од Си-ен-ен, па дури и поранешниот градоначалник на Лос Анџелес.

Сите овие подоцна ги избришаа своите твитови и драњето во нив, откако излезе дека фотографијата е направена во 2014, за време на мандатот на Обама.

Конгресменката од Минесота речиси го изедначува Обама со Трамп, објаснувајќи дека разликата е во тоа што првиот бил само поишљифуван.

„Ние не може да бидеме вознемирени од Трамп... Неговите политики се лоши, но многу луѓе кои беа пред него исто така имаат многу лоши политики. Тие само беа фини за очи од него. И тоа не е она што ние треба да го бараме. Не може да дозволиме на никого да му биде простено убиство само затоа што бил полесен на очи. Ние сакаме да ги препознаеме вистинските политики кои се кријат зад убавото лице и насмевката,“ порачала Омар во разговорот со магазинот Политико.

11 март 2019 - 12:45