Made in USA:

Женски манифест против фудбалот

Малку женско мрчење, малку американска надменост, куп забавни хејтања на тема фудбал и добивате супер интересен текст за читање. Ен Култер, конзервативна коментаторка која е луда кучка за разни теми, а себе се дефинира како "полемичарка која сака да збиберува манџи". Пазете го ова: "Ако Мајкл Џексон си ја лечеше хроничната несоница со снимка од Аргентина-Бразил наместо со Пропофол, тој сè уште ќе беше жив, само што ќе му беше досадно".

Се воздржував од тоа да пишувам за фудбал една деценија - или околу половина од траењето на просечниот фудбалски натпревар - за да не навредам некого. Ама што е многу, многу е. Секој растечки интерес за фудбал може да биде знак на националниот морален распад.

1. Поединечните постигнувања не се битен фактор во фудбалот. Во еден вистински спорт, играчите си додаваат и фрлаат топки - сè пред голема толпа. Кога бејзбол играчот ќе згреши, тој стои сам на „плочата". Но има и поединечна слава кога ќе направи хоумран, тачдаун или слем-данк.

Во фудбалот вината е дисперзирана, а и без оглед на тоа, скоро никој не забива гол. Нема херои, нема лузери, нема одговорност и не е повредена ничија детска ранлива самодоверба.

Имаат ли воопшто MVP (најкорисен играч) во фудбалот? Сите само трчаат нагоре надолу по теренот и од време на време топката случајно влегува во голот. Тогаш као треба као да полудиме. А јас веќе спијам.

2. Либералните мајки го сакаат фудбалот затоа што тоа е спорт во кој атлетскиот талент толку малку доаѓа до израз, што и девојчињата можат да играат со машки. Ниту еден сериозен спорт не е мешан, дури ни на ниво на градинка.

3. Ниту еден друг „спорт" не завршува со толку нерешени утакмици. На екран на автопат во Лонг Бич, Калифорнија минатата недела стоеше следниов резултат од Првенството: „2-ро полувреме, 11 минути до крај, резултат 0:0". Два часа подоцна, на истиот екран за друг натпревар се појави следното известување: "1 полувреме, 8 минути до крај, резултат 0:0". Ако Мајкл Џексон си ја лечеше хроничната несоница со снимка Аргентина-Бразил наместо со Пропофол, тој сè уште ќе беше жив, иако ќе му беше досадно.

Дури и во фудбалот, при што мислам на американскиот фудбал, има многу малку нерешени утакмици кои завршиле со 0:0. A многу е потешко да дадеш гол кога неколку џинови од по 120 кила се обидуваат да те прегазат.

4. Можноста или за лично понижување или за голема повреда е услов за нешто да се смета за спорт. Повеќето спортови се всушност сублимирано војување. Како што наводно рекла лејди Тачер откако Германија ја победила Англија во некој голем натпревар: Не се секирајте. На крајот на краиштата, два пати во овој век ние ги победивме во нивната национална игра.

Бејзболот и кошарката претставуваат постојана опасност од лично посрамотување. Во хокејот, има три-четири тепачки по игра - а не е баш прошетка по плажа кога си на мраз со пак кој лета со 160 километри на час. По бејзбол натпревар, Брза помош ги носи ранетите. По фудбалски натпревар, играчот добива шише џус.

5. Во фудбал не може да се користат раце. Она што го одделува човекот од другите пониски ѕверови, освен душата, е што имаме палци кои можат да се движат слободно и независно. Нашите раце можат да држат предмети. Еј, одлична идеја: ајде да направиме игра каде ќе ја забраниме нивната употреба!

6. Го мразам насилното наметнување на фудбалот. Истите тие што им го прават тоа на Американците се оние кои бараат од нас да ги сакаме Girls на HBO, Бијонсе и Хилари Клинтон. Бројот на статии во Њујорк Тајмс кои велат дека фудбалот „почнува да станува популарен" е надминат само од оние кои се преправаат дека женската кошарка е фасцинантна.

7. Фудбалот е странска измислица. Всушност токму тоа е и причината зошто Тајмс постојано ги тера Американците да го сакаат фудбалот. Една група спортски фанови кај кои фудбалот сигурно не станува популарен се Афро-американците. Тие остануваат посебно неипресионирани од фактот дека Французите го сакаат.

8. Фудбалот е како метричкиот систем, кои либералите го обожаваат затоа што е европски. Природно, метричкиот систем се појавил по Француската револуција, во текот на кратките интервали кога не вршеле масовни убиства со гилотина.

9. Фудбалот не „станува популарен". Насловите овие денови велеа дека преносите на Првенството ги соборуваат рекордите во САД. САД-Португалија беше блокбастер натпревар, со 18,2 милиони гледачи. Ама регуларен бејзбол натпревар во недела вечер има во просек повеќе од 20 милиони гледачи. НФЛ плејоф натпреварите имаат 30-40 милиони гледачи, а овогодинешниот Супер Боул 111,5 милиони.

Се сеќавате кога медиумите се обидоа да ни ги пласираат Дејвид Бекам и неговата постојано подготвена за пред камера жена пред неколку години? Нивното доаѓање во Америка беше покриено 24/7. Траеше околу два дена. Ама рејтинзите беа никакви. Никому не му беше гајле.

Ако повеќе „Американци" гледаат фудбал денес, тоа е само заради демографските промени предизвикани од имиграциските закони од 1965, времето на Теди Кенеди. Ви велам: ниту еден Американец чиј чукундедо бил роден тука не гледа фудбал. Можеме само да се надеваме дека, покрај тоа што ќе научат англиски, овие нови Американци ќе се откажат од нивниот фудбалски фетиш со време.

Ен Култер

2 јули 2014 - 14:52