За нешто да се промени, „интелектуалната елита“ мора да одјебе

Многу поубаво би било да живееме за некои сто или двесте години од сега, кога нема да фигурира само нахранет стомак и асфалтиран пат до дома. До таа точка ќе има уште многу нервирање, но барем грешките можат да се минимизираат. За почеток, елитата да престане да јаде гомна...

Последен пат кога нешто се промени во Србија, на улиците излегоа заедно почесен универзитетски професор од Белград, малолетен средношколец од Чачак и штрбав работник на лента во фабрика во Пичковац. Заедно се залетаа во кордонот цајкани, голтаа солзавец и испуштаат нечовечки крици ослободени од сите стеги на пристојност, титули и непотребна нерамноправност. Таа толпа беше огромен репрезентативен дел на масата која на Милошевиќ му рече „скини ни се од курац“, а таа маса во апсолутни бројки е нешто малку поголема од оние кои завчера на изборите ги придоби новиот претседател, и понатаму премиер, и понатаму претседател на партија и врховен бог на сета Србија АВ.

И СМ (Слободан Милошевиќ) и АВ (Александар Вучиќ) своето владеење го базираат на две нешта: на манипулација и давање леб на сиромаштијата, каде лебот е речиси буквално леб (читај сендвич и по некој динар), а некогаш најмалиот заеднички содржател на сиромашкото задоволство (некоја работичка, селско патче....). Манипулацијата на АВ секако е пософистицирана и поприлагодена на духот на времето од манипулацијата на СМ, но толку пати е зборувано за ова што навистина веќе нема потреба, тука е се’ јасно. Затоа пак има многу нешта што никако не влегуваат во глава.Зошто на изборите излегува само 55% од луѓето? Зошто очигледниот измамник и глава на огромна криминална организација мимикрирана во политичка партија освојува 55% од гласовите? Зошто единствениот непопулистички кандидат освојува 16%? Зошто виртуелен лик освојува 10% и успева да има скоро двојно повеќе од лик кој за малку станал генерален секретар на Обединети нации? Зошто Блиц 21 минути по крајот на изборите објавува вест дека нема втор круг, тоа истото го прави Ројтерс пред девет часот и веднаш потоа победата му ја честита Себастијан Курц?

Ниеден друг одговор не ми паѓа на памет освен - очекувањата се ирационални а таквите раѓаат вакви прашања. Повторно меур, повторно заблуда, повторно хевристичко идеализирано гледање на реалноста. Неколку денови пред изборите Воја Жанетиќ на N1 кажа една очигледна вистина која има и своја дефиниција - ние живееме во општество кое само личи на демократско а начинот на уредување се вика компетитивна автократија. Тоа почива на основните елементи на демократијата (очигледно постојат избори) но системот е суштински автократија каде владетелот користи низа од механизми за себеси да се држи на власт долг период. Не постои шанса во така конципираниот систем мнозинскиот гласач да излезе на избори и да гласа рационално. На овие простори демократијата е новороденче, ни триесет години не постои култура и традиција на избори, сè е многу рудиментарно и огромна заблуда е на тоа да се гледа како на шанса да победи најдобриот и најквалитетниот претставник, затоа што е најдобар и најквалитетен. Што е за право, многу поубаво би било да живееме за некои сто или двесте години од сега, но ете, нека биде дека овој период некогаш ќе се разгледува како битен темел на таа идна, малку порационална демократија, во која како варијабила нема да фигурира само нахранет стомак и асфалтиран пат до дома. До таа точка ќе има уште многу нервирање, но барем грешките можат да се минимизираат. За почеток, елитата да престане да јаде гомна...

...и да престане себеси да се нарекува елита. Во кој било поглед, затоа што тоа не носи ништо добро, ни ним (а кога велам „ним“ мислам на нас, затоа што сите сме по малку елитисти понекогаш, а тоа е срамота) ни на општеството во целина, ни за преминот од компетитивна автократија во недвосмислена демократија. Секој пат кога некој вели „интелектуална елита“, „друга Србија“, или „пристојна Србија“ умира мала панда, а еден гласач почнува да апстинира или си ја претепува жената или кучето. Не знам како не е очигледно дека продавачот во трафика кур го боли за интелектуалната елита и за пристојна Србија. Тој (со право) се грози од тие измислени одвратности и пред него се создава сè поголем јаз кој го одбива од каква било инволвираност во политичкиот живот. Тој најверојатно не го сака Вучиќ но дури и тој ќе му биде подраг од ставот кој го отсликува напудрениот став на социјалниот елитизам, па или ќе гласа преку кур за бог-от, или ќе игра пасијанс во текот на смената и ќе смислува како со 170 евра месечно да протурка до следниот први.

Разликата во односот на непристојната власт и „пристојната Србија“ кон оваа група е таква што непристојната власт приоѓа со митот од илјада динари (8 евра), а „пристојната“ не ги дава ни тие илјада. Колку и да е образован човек, аритметиката му е речиси инхерентен алат, а 1000 динари > 0 динари.

Оттаму, ако шеснаесет посто непопулистичка поддршка (а тоа всушност воопшто не е лош резултат во дадените околности) сака да се расплоди, „елитата“ мора да ги отфрли своите монокли, муштикли, цилиндри, фракови и да се изедначи со оние на кои им се обраќа. Јас не знам баш точно како тоа да го направат, затоа што да знам би имал политичка партија а не би пишувал онлајн, но за почеток можат да разлазат по земјата, од куќа до куќа буквално да ги „попишат“ проблемите и желбите на тие луѓе, затоа што тие сигурно сакаат нешто подобро од бедна илјадарка и тоа НЕ МОРА да биде (и најчесто и не е) мито, но финта е тоа да се открие. Додека не го сториш тоа, јади гомна, „пристојна Србијо“.

Black Hole, Тарзанија

5 април 2017 - 16:33