Православието и хомосексуалноста

Иако потиснувана, хомосексуалноста ретко е системска жртва на насилство во православните општества, можеби е затоа што православните цркви не ги анатемизираат хомосексуалците експлицитно. Ставот на православието кон хомосексуалноста е повеќе став на молк (во споредба со западните цркви). Дечково нема проблем да биде православен геј. Напротив, токму во православниот концепт на личноста, тој си наоѓа место како геј во една религија.

Како и голем број други источно-европски земји, и Романија се потпира на православието кога станува збор за родот и сексуалноста, кое е вообичаено конзервативно. Но романскиот филозоф Ричард Разван Витниоргу смета дека тоа во себе содржи алтернативна интерпретација за тоа што значи да си геј.

„Се сеќавам кога ѝ кажав на мајка ми дека повеќе сакам мажи; морав да ѝ го повторам тоа неколку пати. Во нејзиниот ум јас еден ден требаше да се оженам и да ѝ подарам неколку сакани внучиња. Потоа ме праша што се случило - како тоа двајца мажи имаат секс? Мислам, како е тоа можно? Ги слушав запчаниците како се вртат низ сајбер-просторот“.

Но бев предупреден. Мојот пријател Космин ми рече дека тие не би разбрале, особено не во рурална област како Буковина. Не е до тоа дека Романците се нешто посебно хомофобични и нетолерантни кон истополовите врски, како на пример во Србија или делови од Русија, туку дека Романците, особено оние надвор од Букурешт, едноставно немаат искуство со отвореното изразување на алтернативни сексуалности.

Секако, има и дополнителна причина зошто голем број Романци се сомничави кон хомосексуалноста, а тоа е начинот на кој ја сфаќаат Црквата - како борба против „гревот на Содом“. Низ историјата православните христијански цркви се поврзуваат со владите на националните држави во кои постојат, и од време на време оваа врска помеѓу Црквата и Државата станува инцестуозна. На државата добро ѝ доаѓа кога Црквата поттикнува ставови кои се совпаѓаат со нејзината политичка агенда.

Во текот на ерата на Чаушеску, политиката на градењето на нацијата во Романија се здоби со нови пропорции во кои настана озлогласениот Закон 770: со него беа забранети контрацепцијата и абортусот, за да се обезбеди пораст на населението. Долготрајната тенденција да се наметнуваат сексуални норми во врска со репродукцијата беше зацементирана, а во руралните области на Романија, каде животот во социјализмот беше на многу начини подобар отколку денес, изгледа дека постои видлив и отворен консензус дека жените треба да раѓаат бебиња, а дека мажите треба да ја демонстрираат својата машкост преку правењето деца.

Во раниот дваесети век рускиот православен мислител Николај Берѓаев (1874-1948) ги истражуваше начините на кои верниците изразуваат националистички облици на православие, наместо по „вистински“ тип на оваа вера. Берѓаев беше загрижен дека обичните Руси не се доволно критични кон етаблираната Црква и не гледаат дека Црквата го меша Евангелието со Државна агенда: првото во корист на второто.

Начинот на кој христијанството често се користи за да им се опонира и за да се врши репресија на геј луѓето е комплексен, но некои од вообичаените теми се евидентни. Главната е дека истополовата желба е неприродна. Природниот ред на нештата е маж да посакува жена (која реципрочно го посакува), и дека тие треба да се размножат и да направат деца, оттаму прогласувајќи го семејството за свет грал во источно-европските општества.

Вообичаено ваквите луѓе се вртат кон Црквата и кон христијанството барајќи поддршка за нивните гледишта, цитирајќи ги Адам и Ева. Но на истиот начин на кој Берѓаев верувал во тоа во раниот 20 век, и јас сметам дека ова е голема грешка и фундаментално анти-христијанска позиција - таква која погрешно го толкува духот на Евангелието.

Во „Воведот кон источно-православата теологија “ (2013), Ендрју Лут ја објаснува централноста на преображението и на Божјето царство за православните верници. Додека западното христијанство вообичаено се фокусира на грешноста на човекот, човечката одделеност од Бога и на спасението на душата заради вечност во рајот, источното православие е многу поразлично. Тоа ја признава вредноста на оваа земја и на сè што е создадено на неа; секако, го бара своето преображение - својата трансформација преку моќта на Светиот дух. Православните христијани вообичаено се фокусираат на доаѓањето на Божјото царство - космос кој е обновен преку вредностите поврзани со Проповедта на Гората (мир, кроткост, правичност итн.)

Иако Берѓаев не бил типичен православец, има два аспекта на неговите ставови кои се значајни тука.

Првиот е ставањето акцент на разликата помеѓу поединец и личност, или „природната“ индивидуа и „духовната“ личност. Сите сме родени како поединци. Да се биде тоа не е тешко; иако можеме да бидеме малку различни во однос на другите, да се биде поединец сепак значи да се биде во рамки на врстата и општеството. Од друга страна, да се биде личност, тоа е креативна и духовна задача која може да е тешка.

Да се стане личност е големата задача на човечкиот вид, според Берѓаев; тоа е истовремено и суштина на Евангелието. Тоа сигнализира крај на ропството на сè што е природно - на сè во кое сме се родиле без наша вина - и почеток на нешто сосема различно. Евангелието бара крштевање на поединците, после кое нивното ’природно“ јас ’умира“ и дава поттик на нивното ’духовно’ јас, кое претставува креативен и постојан процес на преобразба, вкоренет во животот на Светото Тројство.

Оттаму, поконкретно, можам да кажам дека сум роден како поединец: дадено ми е име и третиран сум како одделен ентитет. Бев поттикнуван да ги развивам моите таленти. Но моето општество и моето семејство сепак го имаа последниот збор; бев заробен од ’природното’. Од мене се очекуваше да пораснам, да најдам девојка и да имам деца, и оттаму да продолжам да живеам под закрилата на природното. Така е и со голем број други момчиња и девојки.

Иако овој модел на живот е пропагиран од националистичките форми на православие, кои бараат послушност на граѓаните и пропагираат живот на нацијата, тој е истовремено фундаментално антихристијански. Тоа е така бидејќи моделот го нарушува главниот принцип на христијанството, развој на поединецот во целосно реализирана личност.

Кога Исус ги соочил своите ученици со потребата да остават сè и да го следат, тој барал од нив транзиција од природната кон духовната димензија. Со други зборови: баталете го обожувањето и служењето според диктатот на другите и остварете се себеси како личност.

Да се биде геј, оттаму, е веројатно една од највпечатливите демонстрации на крштевањето - симболичка смрт на природното јаство (машкото кое има секс со жена заради размножување). Да се биде православен и геј овозможува длабока синергија помеѓу верата и сексуалноста. Геј луѓето знаат да бидат различни од другите; не го правиме она што се очекува од нас. Во таа смисла, ние сме опасни. Владите нè гонат. Црквите нè демонизираат.

Но Евангелието нè предизвикува да станеме личности - да се разбудиме од нашата инерција и да работиме на преобразување на светот и на доаѓањето на Царството Божје, кое ќе биде конечно реализирано со Воскреснувањето.

Псалмот 138 е псалм на бременоста, на тоа да се биде создаден во матка:

„Зашто Ти си ја создал мојата внатрешност и ме прифати од мајчината ми утроба. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, што си ја создал тајно, и природата моја во длабините на земјата“
- Свето писмо на македонски
.
(патем, во англиската верзија тоа е псалм 139; неко овде вара)

Авторот на псалмот се моли Бог да ги открие посебните контури на неговата личност - како е направен. потоа во Евангелијата Исус ни вели да бидеме плодни во начинот на кои ги користиме нашите таленти; тој сака да бидеме креативни и да станеме личноста која тој не’ создал да бидеме. Ова значи давање отпор на притосоците на голем број нешта кои ни изгледаат ’природни’ - кави што за нас посакуваат нашите соседи, семејството, црквата и државата.

Тешко е, и можеби нема да бидам добар граѓанин на Рим во нечии очи. Но тоа е ок; повеќе сакам да бидам личност.

Ричард Разван Витниоргу

******

Непотребен бонус, ама, моравме :)))

 

21 април 2017 - 17:23