Поглед од БиХ:

Макроновиот повик на терор

Макроновата изјава дека Босна и херцеговина е темпирана бомба покажува дека барем делумно е во право британскиот социолог Франк Фуреди кој тврди дека Запад се храни со терор и на тој начин, несакајќи на своите непријатели им упатува повик да биде тероризиран.

Босна и Херцеговина е хаотична и нефункционална држава.Тоа го потврдува и фактот дека нејзините граѓани последните години масовно и најверојатно неповратно ја напуштаат. За тоа не се потребни никакви експертизи ни на домашни ни на странски стручњаци, тоа најдобро го знаат жителите на оваа земја преку чии животи се прекршуваа таа хаотичност и нефункционалност. 

За тоа најголема одговорност сносат домашните политичари но голема е одговорноста и на меѓународната политика која нема усогласен став за Босна и Херцеговина. Токму таа меѓународна заедница, со Дејтонскиот договор и многу други одлуки, ја замота Босна и Херцеговина во „мртовечка престилка“ и во нејзина чест цели 30 години „ѕвони со погребно ѕвоно“ (Мирослав Крлежа).

Кога францускиот претседател Макрон за Босна и Херцеговина ќе каже дека е „темпирана бомба која отчукува непосредно до Хрватска“, тој со тоа на оваа земја и нејзините жители става „меѓународна политичка мета,“ ги изложува на сомничавост, презир и линч на светот, ги изопштува од европскиот цивилизациски контекст и дополнително го засилува стравот меѓу босанско-херцеговските граѓани и нивните соседи, во Хрватска и Србија, кои и онака за оваа земја главно мислат сè најлошо, барем ако се суди по изјавите на нивните политички претставници. Да се случеше некој од помоќните и повлијателни евроски политичари Макроновата Франција да ја нарече „темпирана бомба“, за што би имал многу причини, Макрон би ја кренал на нозе цела Франција, би фрштеле дипломатски ноти и со право француските граѓани би се навредиле.

Макроновата изјава дека Босна и херцеговина е темпирана бомба покажува дека, за жал, барем делумно е во право британскиот социолог Франк Фуреди кој тврди дека Запад се храни со терор и на тој начин, несакајќи на своите непријатели им упатува повик да биде тероризиран. Притоа, таа политика на страв и застрашување создава атмосфера во која граѓаните се плашат од непознати закани, непознати терористи, непознати џихадисти.

Стравот од тероризмот, тврди овој социолог, многу е поголем кај политичките елити отколку меѓу обичното население. Лошите политичари не го сакаат ни својот народ, се плашат од него, и затоа постојано го држат во психоза на страв.

Драго Бојиќ

7 декември 2019 - 16:14