Писмо од Србија

Драги Американци, Ве молам не дозволувајте вашата влада да бомбардира уште една земја

Драги Американци, знам дека имате свои проблеми. Премногу работите, ви требаат уште пари. Како ќе платите данок? Каде ќе се лечите кога ќе бидете болни и стари? Војните секогаш се случуваат некаде далеку од вас. Секогаш. И вие не можете да направите нешто многу околу тоа.

Секогаш многу далеку.

Замислете како се возите накај колеџ, го минувате мостот во автобус и го слушате овој звук:

Беше 1999. Никој не очекуваше дека Белград ќе биде бомбардиран. Ова беше нашиот Њујорк. Војната отсекогаш се случуваше во некоја неразвиена далечна држава, која најчесто не можеше ни да ја лоцираме на мапа. Дури и кога беше географски блиску, таа изгледаше далечна. Сепак сме во ебана Европа! И тогаш тоа се случи. Операција „Благородна наковална“ (заради збунка во термини кај нас погрешно преведена како Милосрден ангел). Можам да ви кажам дека нема ништо благородно околу бомбардирање.

Мене ништо не ми се случи физички. Не бев ранета, куќата не ми беше уништена. Никој од моето семејство не беше убиен.

Сепак, со години имав нешто како ПТСД: се плашев од одредени звуци. Секој пат кога некој ќе ми се приближеше од зад грб и ќе почнеше да ми збори, јас се тргав. Секоја вечер кога ќе го чуев тивкиот звук на возот на 3 блока од мене, ќе се присетев на Стелт 117 (Ф-117) како се приближува до локацијата што треба да ја бомбардира. Звучеше отприлика исто.

Некои млади пилоти седеа во своите кабини и ја гледаа земјата под нив на екран како во видео игра.

Во овие интервенции, се соочуваш со фактот дека твојот живот ним ништо не им значи. Сите богатства и влијание, сето твое културно наследство, сите славни личности, цело твое семејство, сето она што си ти, ништо не им значи на оние луѓе на телевизија што далеку, далеку од тебе даваат изјави за непријателски мети.

И ова се случува ноќ за ноќ. Никогаш не се само воени мети. Туку се училишта, објекти, пазари, станбени згради. Луѓе.

А војниците што вашата влада ги напаѓа... тие се момчиња на возраст од 20 години, присилно мобилизирани или (иронично) волонтирале како војници за да ја одбранат својата држава и се враќаат по неколку денови или недели со ампутирани раце и нозе, ако веќе не се убиени.

Тие одат да се борат за некои повозвишени идеали за да направат некои богати луѓе да бидат уште побогати. Вашите војници го прават истото.

Во такви интервенции, тие фрлаат бомби со ураниум. Па потоа неколку децении луѓе умираат од рак. „Колатерална штета“ се луѓе, деца и болници што ги погодиле додека се обидуваат да уништат воени мети.

Популацијата, инфраструктурата и економијата на бомбардираните држави секогаш станува посиромашна и полоша. Потоа се потребни огромни пари за работите да се вратат по старо.

Конфликтите отсекогаш постојат, години пред НАТО или американската интервенција и никој ништо не прави во врска со тоа прашање.

Интервенциите значат уништување.

Луѓето умираат или се трајно оштетени.

Војните секогаш се за пари и моќ.

Демократијата не се шири со насилство.

Вашите интереси не се поважни отколку интересите на луѓето кои живеат на другата страна на светот.

Секогаш има многу повеќе околу секоја приказна отколку она што го слушате на вести.

Има работи што се поважни од маркетинг на социјални медиуми. Ве молам пробајте да видите како вашиот живот ќе беше поинаков ако се родевте на друго место на планетава.

Марија Милојковиќ

19 април 2018 - 13:02