Време да поразговарате со тинејџерот по дома

На истиот тој што дреме на Јутјуб и гледа Фортнајт видеа по цел ден, пренесете му дека другарче негово од Пенсилванија само што собра 3 милиони долари за освојување на Фортнајт светското првенство.

Дечкото се вика Кајл Гиерсдорф а.к.а. Bugha, има 16 години и за годинава е најдобриот играч на Фортнајт во сингл категорија (на првенството имаше и други категории).

На турнирот, Фортнајт светско првенство, организиран од Епик гејмс, авторите на игрицата, беа доделени над 40 милиони долари во награди.

Во првиот круг од елиминациите пред првенството беа пријавени 40 милиони играчи, од нив најдобрите 100 се квалификуваа за финалната фаза која кое се одржа на Артур Еш стадионот во Њујорк (стадионот на кој се игра УС Опен).

Од една страна наградата (Вардар од ЕХФ за шампионската титула доби околу 500.000 евра) покажува дека има и публика и интерес за шампионатите во електронски спортови. Од друга страна дел од аналитичарите веруваат дека ова покажува дека индустријата на видео игри е „сред џиновски балон“.

29 јули 2019 - 12:30