Твитер ќе прави масовна чистка на неактивни корисници

Единствениот критериум за големото бришење е дали некој се има логирано на Твитер во последните 6 месеци, па ако не сакате ботовите да ви изрикаат сега е време да им посветите два клика внимание.

Условот е само логирање на Твитер во последните 6 месеци, не и твитање во овој период, а ова ќе ги опфати и Твитер сметките на умрени луѓе, освен ако некој нивен близок не се логира во меѓувреме.

Од социјалната мрежа објаснуваат дека главен мотив е дека со тоа што се немаат најавено повеќе од 6 месеци корисниците не ја прифатиле дополнетата политика за приватност. Освен ова тие очекуваат дека вака ќе се расчистат неактивните сметки кои уште фигурираат во бројките за следбеници на корисници.

Во првиот бран бришење ќе бидат опфатени Твитер сметки вон САД, а од 11 декември зафатените Твитер имиња повторно ќе бидат достапни за регистрирање, меѓутоа ќе се пуштаат дел по дел.

Твитер веќе има испратено мејлови до сите што се на листата за бришење, а пораката ќе ја повтори како што се ближи денот на бришење. Од компанијата не кажуваат за колкав број на Твитер сметки станува збор.

Бришењето нема да го смени бројот на корисници што Твитер редовно го објавува, бидејќи тој е составен од корисници кои се логираат најмалку еднаш дневно.

Бидејќи критериумот е логирање, а не постирање, ботовите - кои автоматски објавуваат или реобјавуваат содржина - исто така се потенцијални кандидати за бришење доколку нивните сопственици не се логираат пред последниот рок, 11-ти декември.

27 ноември 2019 - 10:42