Политичари почнаа да бегаат од Фејсбук

Американска демократска конгресменка во знак на подигање свесност околу проблемите за менталното здравје од користењето социјални мрежи решава целосно да се откаже од користење Фејсбук.

Александрија Окасио-Кортез изјави дека ќе го гаси своето пристуство на Фејсбук и покрај тоа што социјалната мрежа беше клучна алатка во нејзината кампања во 2018. 29-годишната Конгресменка објаснува дека социјалните медиуми претставуваат закана за сите.

„Јас лично се откажав од Фејсбук, што е значајна работа за мене бидејќи кампањата ја почнав на Фејсбук. И Фејсбук долго време беше моја главна дигитална алатка за организирање. Се откажав од нејзе, иако профилите и понатаму стојат,“ изјавува Окасио-Кортез.

Како мотив за ова таа наведува дека иако изложеноста на екрани е посебно опасна за децата под 3 годишна возраст, и кај постарите се забележуваат негативни ефекти како бегање од реалноста и зависност. Конгресменката објаснува дека таа си поставила правила за користење на социјалните мрежи и временска граница колку го користи Твитер и Инстаграм.

Од време на време ќе ме видиш како сум се закачила на Твитер за време на викендите, ама во најголем дел од времето... кога е во прашање консумацијата и читањето, за викендите сум исклучена,“ изјавува конгресменката.

18 април 2019 - 14:10