Основачот на веб-от објави план за негов спас

„Ако го оставиме да тера вака како што е сега, многу работи ќе тргнат на лошо“, проценува сер Тим Бернерс Ли, човекот кој во 1989 година прв оствари HTTP комуникација а денес е директор на конзорциумот кој го надгледува развојот на глобалната мрежа.

Бернерс Ли и неговата фондација уште пред повеќе од една година тргнаа со проектот „Договор за подобар век“ со кој сака да го спаси и да го направи подобро и поквалитетно место со бесплатно достапно знаење за милијарди корисници. Договорот сега доби финална форма и достапен е за потпишување.

Накратко, сочувувањето на интернетот онаков каков што го сакаме се состои од 9 базични принципи наменети за властите, компаниите и корисниците. 

Владите се обврзуваат дека ќе осигураат сите граѓани да можат да бидат споени на интернет, тој да им биде достапен цело време и дека ќе се почитуваат основните права на приватност на податоците.

Компаниите кои ќе станат потписнички би требало да осигураат интернетот да биде овозможен за сите, да ја почитуваат приватноста, да создаваат атмосфера на доверба и да развиваат технологии кои го поттикнуваат најдоброто во луѓето а да го потиснуваат она што во нив е лошо.

Поединечните корисници се обврзуваат да бидат креатори на содржини и соработници на веб, да создаваат заедници во кои се почитува човековото достоинство и цивилизирана расправа.

„Го оставиме ли вебот онаков каков што е денес, многу работи ќе тргнат на лошо. Ако сега не направиме пресврт, ќе завршиме во дигитална дистопија. Не ни треба 10 годишен план за спас туку мора да го спасиме сега,“ апелира основачот на мрежата.

Договорот е достапен на службената страница на неговата фондација и можете да го потпишете  како поединец и/или како претставник на својата организација.

****

Види и:
Дали интернетот ги изневери очекувањата?

26 ноември 2019 - 12:12