Маркетингот го бојкотира Јутјуб

За да ја менаџира штетатат откако глобални адвертајзинг тешкаши од рангот на Адидас и Дојче Банк ги повлекоа своите реклами од Јутјуб, видео платформата на Гугл почна масовно да брише акаунти, видеа и коментари.

Јутјуб се обидува да за зачисти контроверзната и несоодветна содржина, особено онаа која е насочена кон најмладите корисници на сервисот, за да ја менаџира штетата од бојкотот на големите рекламери.

Заради видео клипови и кориснички коментари кои се офанзивни и сексуално несоодветни за младите, своите реклами ги повлекоа Марс, Амазон, Дојче Банк, Адидас, Ибеј и други сериозни адвертајзери. 

За да го спречи ваквиот масовен одлив на пари, Гугл неделава веќе избришал преку 150.000 видео клипови а ги исклучил коментарите на над 625.000 содржини на кои се накотиле педофили и други предатори кои ловат деца.

Јутјуб се најде под критика и заради неефикасната заштита на детската верзија на платформата која не успева да препознае и да скине содржини кои можат да бидат вознемирувачју за најмладите па на Јутјуб Кидс можат да се најдат сцени од Мики Маус како лежи во локва крв или како Спајдермен уринира врз Елза од Фрозен.

Само во оваа година ова е втор сериозен бојкот на огласувачите на Јутјуб. Заради теолерирање на екстремистички и хејтерски содржини, на почетокот на 2017 свотие реклами од таму ги повлекоа AT&Т и Џонсон & Џонсон.

29 ноември 2017 - 11:51