Како внатрешен американски интернет сообраќај заврши во Кина телеком

Цели 2,5 години интернет сообраќај кој требал да се случува во рамките на американската инфраструктура завршувал на кинеска мрежа, пред да биде пренасочен до крајната дестинација.

Збунката која се случува со американскиот сообраќај се должи на тоа што дел од автономните системи за рутирање на Кина телеком сами од себе (нели автономни) решаваат да се однесуваат шашаво и да почнат погрешно да обработуваат дел од сообраќајот на Веризон. (Примерот на сликата е од конкретната ситуација)

На ова се надоврзуваат неколку американски провајдери кои заради грешката на Кина телеком почнуваат дел од сообраќајот наменет за Веризон да го препраќаат преку Кина телеком.

Дел од американскиот интернет вака работи цели 30 месеци.

На пријавата на овој случај му следуваше студија од американски и израелски експерти кои тврдат дека кинеската влада со години го користи Кина телеком за пренасочување на големи количества меѓународен сообраќај преку кинеската мрежа пред тој да биде пуштен до крајната дестинација. Во извештајот се наведени четири конкретни рути - Канада до Јужна Кореја, САД до Италија, Скандинавија до Јапонија, и Италија до Тајланд - кои наводно биле манипулирани од Кина телеком меѓу 2015 и 2017.

Ниту Кина телеком ниту Веризон не одговараат на прашањата од Арс техника околу случајот.

7 ноември 2018 - 15:50